
Од следната сезона во Третата македонска фудбалска лига – Исток се враќаат уште две екипи.
Брегалница од Делчево и екипата на Турново веќе имаат поднесено барање да бидат примени и да настапат во Трета лига – Исток во следната натпреварувачка сезона 2024/2025.
Брегалница од Делчево по две сезони пауза одново ќе заигра во Трета лига – Исток, а овој клуб во својата историја една година беше член на Првата македонска фудбалска лига. Турново во сениорска конкуренција по неколкугодишна пауза одново се враќа на фудбалската карта на Македонија и овој тим кој го има одличниот стадион „Кукуш“ каде што настапува Брера Струмица одново ќе биде активен.
Во минатото Хоризонт Турново играше и квалификации за Европските натпреварувања, а потоа започна да оди во надолна линија. Последен пат Турново настапуваше во сезона 2020/2021 кога беше втор во Трета лига – Исток и играше бараж со Братство Житоше кој беше втор во Трета лига – Југ, но Турново овој бараж меч кој се одигра на Градскиот стадион во Штип го загуби и потоа воопшто и не продолжи во сениорска конкуренција.
Во новата сезона ќе настапи и шампионот на ОФЛ Кочани, екипата на Светлост од Зрновци.
Александар Ванев, М-Нет