
Живот во катасрофална состојба, услови нула, со едвај финансиски средства за леб и желба за мир на своите деца. Сандра е делчевчанка која се мажи во Штип и така започнуваат незјините проблеми. Живее во една соба, со своите четири деца и сопругот. Работи за да може да обезбеди храна за своите деца.
„Живееме како што гледате во овие 16 квадрати, имам четири дечиња. Моментално работам, ама доддека беше короната не. Условите во кои живеам се да кажеме на нула. Сѐ ова што се гледа тука е, измијам повторно вратам тука“ – вели Сандра.
Сандра на свое име имала наследен имот во Делчево и заради тоа не може да добие сместување во Штип. Вели неколку пати била кај надлежните, а пред неколку месеци помош побарала и од градоначаланикот. Не и е потребна облека, само храна за своите деца и покрив над глава каде незината најголема ќерка ќе може на мир да учи.

„Во социјалното имам пријавено, само ми велат исели се од таму, а кај да отидам. Не не следува поради некој си имот што некогаш сум го наследила и не го знам тоа. Сега ни е потребна помош на мене и на децата за да бидем на егзистенција и да останеме сите заедно, да не нѐ разделат, го праќаат момчето на адвокат да се разделеме“ – додаде Сандра.
Од општина Штип истакнаа дека немаат надлежност за вдомување на семејства, ниту за еднократна парична помош доколку за тоа нема соодветна оправдан причина. Но, првиот човек на Општина, Иван Јорданв истакна дека тој како личност ќе организира хуманитарна активност и ќе му помогне на семејството Атанасови.
Лаура Стојанова М-Нет