Одлични резултати на ПСК „Челични“ на Меѓународниот пливачки митинг „Делфин Спринт“ 2022

Пливачкиот спортски клуб „Челични“ од Штип на 5-тиот Меѓународен Пливачки Митинг „Делфин Спринт“ 2022 имаа одлични резултати. Методи Георгиев и Ивона Наумова на воениот базен во Скопје во дисциплините Слободно и Делфин постигнаа одлични резултати каде имаше повеќе од 250 пливачи.Од Пливачкиот спортски клуб Челични изјавија дека следниот настап пливачите ќе го имаат на средината на јули на државното првенство на кратки стази во Охрид.