Малолетник физички нападнат на плоштадот во Штип

На 24.06.2022 во 20.40 часот во Полициска станица Штип Ф.Ј.(40) од Штип пријавила дека околу 20.00 часот на плоштад во Штип, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.