
Општина Штип го откри првото големо музичко име за годинашното издание на „Штипска Пастрмалијада 2026“. На 19 септември, на Градскиот стадион во Штип, концерт ќе одржи еден од најпознатите и најценети регионални музички автори и изведувачи – Жељко Јоксимовиќ. Жељко Јоксимовиќ
Од Општина Штип најавуваат вечер исполнета со безвременски хитови, силни емоции и спектакуларна атмосфера, очекувајќи концертот да привлече бројни посетители од Штип, но и од целата држава и регионот.
Во соопштението се потсетува дека минатогодишното издание на „Штипска Пастрмалијада“ оставило одличен впечаток кај посетителите, а годинава организаторите најавуваат уште побогата програма, професионална продукција и нови содржини кои ќе го направат фестивалот незаборавен.
Од Општината посочуваат дека настапот на Жељко Јоксимовиќ е само почеток, а останатите музички имиња и целосната програма за „Штипска Пастрмалијада 2026“ ќе бидат објавени во наредниот период.
Концертот е закажан за 19 септември 2026 година на Градскиот стадион во Штип.