Женски ЕХФ Куп: Металург против турски Гореле, а Чаир против Керјенг од Луксембург

Македонските клубови во женска конкуренција ги дознаа противниците во Европскиот куп на ЕХФ, откако денес Европската ракометна федерација преку ждрепка ги одреди сите парови за второто коло во Европскиот куп на ЕХФ.

Македонија има два претставници, а тоа се екипите на Чаир и Металург. Екипата на Чаир беше носител во извлекувањето ждрепката во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена, Австрија, а Металург во подредена улога.

Ждрепката посака Чаир да да се соочи со екипата на Керјенг од Луксембург, додека Металург ќе игра против турскиот тим на Гореле БСК.

Натпреварите во Европскиот Куп ќе започнат во октомври. Првите натпревари се закажани за 5. односно 6. октомври, додека реваншите се закажани за 12. односно 13. октомври. Металург првиот меч го игра на домашен терен, а реваншот е на гостински терен во Турција, додека Чаир првиот меч го игра на гостински терен во Луксембург, а пак реваншот е на домашен терен односно во Македонија.

Александар Ванев, М-Нет