Жена од Кочани зела 3500 евра од двајца радовишани за посредување за добивање бугарско државјанство

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(42) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „измама“. Во текот на декември 2022 година, пријавената во два наврати довела во заблуда две лица од Радовиш дека ќе им посредува за добивање на бугарско државјанство, за што побарала и зела различен паричен надомест од лицата, во вкупен износ од 3.500 евра.