Малолетник физички нападнат во Штип, му одзеле пари

фото: архива/илустрација

На 13.07.2023 во 18.45 часот во СВР Штип, Т.Ј.(33) од с. Баница, струмичко, пријавила дека околу 18.30 часот на крстосницата на ул.„Сремски Фронт“ и ул.„Солидарност“ во Штип едно лице физички го нападнало нејзиниот син и му одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.