
Македонија на чекор до Светското првенство во Катар. Вчерашната утакмица на нашата реперезентација против Италија испишува историја на Македонија. Чудо, среќа или добрa игра на нашите фудбалери, во моментот е помалку од важно, бидејќи Македонија ја доби играта против Италија. Се славеше во Палермо, во главниот град, но се славеше победата и во Штип и истокот. Љубителите на спортот, поддржувачите на фудбалот вчеравечер со песна и радост ја прославија победата на нашите фудбалери. Социјалните мрежи исто така беа преплавени со емоции, вистинка верба и гордост од постигнатиот гол против Италија. Еуфоријата не престана и денеска. Граѓаните во Штип горди на постигнатиот успех, со искрени желби за фудбалерите се надеваат и на победа против Португалија.
Нашите најдобри фудбалери славеа во Палермо со голот на Трајковски во втората минута од судиското надополнување. Во вторник ќе се одигра и натпреварот Македонија – Португалија во Порто кој одлучува дали ќе се пласираме на Светското првенство во Катар или не.
Лаура Стојанова М-Нет