
Недоволно добро обележани кружни текови, пешачки премини исто така, зафатени автобуските и такси постројки од цивилни автомобили, тезгите поставени на самиот пат во четврток – проблем ако треба да помине брза помош. Oва беа само дел од недостатоците кои денеска се посочија на состанокот во Општина Кочани. Претставници од сите засегнати страни, такси превозници, авто школи, полицијата бараат решение на проблемите во сообраќајот кои се таложат со години. Според нив, трпат најмногу граѓаните во Кочани, а тие никако не можат да најдат решение на ваквите проблеми.
„Напишав многу точки, ама ќе пробам да ги образложам една по една. Предлог до Советот на Општина Кочани е тоа што хоризонталната сигнализација се бележи со еден валјак и селотејп од Скопје, ние немаме ли работници кои го одржуваат тоа за да дадеме задача на двајца да се одбележат. Тоа не се одбележува секојдневно, еднаш во месецот е. Тие бележат секоја недела, а ништо не се гледа. Гумите ги уништуваат пешачките премини. Линиите кои ги двојат лентите, пак, да не зборувам за нив. Тоа нам ни е секојдневние, работиме на слепо. Ништо не можеме да постигнеме вака. Минатиот пат бележеа пет пешачки, сега ги нема“, вели Маријанчо Митевски, претставник од авто школа.
„Соочуваме се со тоа нашите постројки да се полни со цивилни возила. Посебно би сакал да го посочам местото кај Судот. За таму да се паркира такси возило исто е како бинго. Тоа е едната работа, а другата работа е тоа што немаме автобуска постројка, откако се направија кружните. Благодарам што прават толеранции од Министерството, но не знам до кога ќе ги имаат. Ние имаме платено постројка и таа треба да си постои“, додава изјава Јоце Каров, претставник од такси компанија.
„Дали ќе се реши проблемот со тезгите кои се поставуваат во четврток на пазарот? Не дај Боже да се запали некој стан, таму пожарна не може да помине. Тоа е страшна работа. Да тргнеш од таму за еден час не можеш да дојдеш ни до градинката“, истакна Мирослав Паунов.
Организатор на ваквиот состанок одржан денеска во Кочани е Сообраќајниот инспектор при Општина Кочани, Жаклина Пауновска Анџелковиќ. Но, бидејќи била во изолација, не беше присутна во салата за венчавки во Кочани. Во телефонски разговор за М-Нет Tелевизија таа истакна дека целата е да се воочат недостатоците во сообраќајната сиганлизација во Кочани, за да може навремено да се реагира.
Лаура Стојанова М-Нет