
Екипата на Еурофарм Пелистер 2 која во баражот загуби од Радовиш и во следната сезона ќе настапува во Првата лига, работи активно на ростерот за експресно враќање во Суперлигата.
За таа цел битолскиот клуб го врати Стефан Дрогришки, кој потпиша двегодишен договор и со неговото искуство ќе треба да помага клубот да се врати во ракометната елита. Искусниот ракометар во својата кариера настапуваше за Еурофарм Работник подоцна Еурофарм Пелистер, Металург, Тиквеш и Охрид.
Суперлигашот Куманово мисли на иднината и потпиша пет млади ракометари кои ќе го носат дресот на Куманово до 2028 година.
Куманово ги потпиша 17-годишниот Тино Стојановски, Јован Насевски кој има 17 години, Наум Богдановски кој има исто така 17 години, 17-годишниот Сергеј Крстевски и 16-годишниот Христијан Вуичевски.
Дебитантот во Суперлигата екипата на Бисинов активно работи на засилувања за новата сезона. Во Велес доаѓа кружниот напаѓач Марко Трајковски. Во својата кариера на стапуваше за повеќе екипи, последно за Голден Арт, а во минатото и за Пролет, Бутел, Јуниор КВ, Тиквеш и Прилеп.
Бисинов вчера го промовираше крилото Зоран Стојановски кој доаѓа од екипата на Радовиш, за што претходно објави телевизија М Нет.
Александар Ванев, М-Нет