
Економската состојба причина број еден за вадење на бугарски пасоши велат штипјани. Со пасошите не се докажува потеклото, принудени се да се декларираат за да работат во странство за повисоки плати. Но како што велат и отаму ништо не е како порано и таму нема пари.
„Па незнам и веќе дали останаа млади за да вадат пасоши, не би можел да кажам, сигурно од економски причини некои ќе се одлучат и на тоа. Па економски причини, што мисилите на тие во Бугарија не им е јасно, тие прават се само за да имат да привлечат заради пропаганди и други цели.“ – изјавиа граѓаните
Штипјани децидни дека сега со новите промени ќе се намали и вадењето на пасошите и доколку се направат услови за подобар живот дел од граѓните ќе ги откажат пасоѓите, а дел од нив ќе се вратат дома. Други пак велат дека ниту еден од смејството нема бугарски пасош, а нема ни да вади.
„Сега ќе се намали вадењето на пасоши, сигурно ќе се намали. Како за работа одат во странство, но и таму не е добро. Сакаат повеќе пари, но и таму нема.“ – додаваат
Иако е потребна процедура и подолг временски период за да се извади бугарски пасош голем број македонци тоа го прават бидејќи на тој начин полесно може да работат во Европските држави.
Лаура Стојанова, М-Нет