Кадетската одбојкарска репрезентација на Македонија ќе учество на Балканското првенство во Тирана

Македонските одбојкари до 18 години ќе настапат на Балканското првенство кое ќе се одржува во Тирана, Албанија.

На турнирот ќе настапат само четири репрезентации, бидејќи организаторот се пријави во последен момент. Учество ќе земаат домаќинот Албанија, Црна Гора, Србија и Македонија. Во однос на претходните изданија од Балканијадата на теренот ќе излезе секој против секого, по што ќе биде познат конечниот пласман.

Веќе денес се игра првото коло. Во првиот меч со што ќе биде отворно Балканското првенство ќе се соочат кадетите на Црна Гора против Србија, а во вториот меч Албанија против Македонија.

Утре на програмата ќе биде само еден натпревар Албанија против Црна Гора, додека пак за петок се закажани два натпревари Од 15:30 часот Црна Гора против Македонија, а од 18 часот Србија против Албанија.

Сите натпревари ќе се одиграат во Спортската сала „Фарке“ во Тирана.

Александар Ванев, М-Нет