
ФК Еуромилк ГЛ на најдобар можен начин ја заокружи фантастичната сезона во Третата лига – Север, откако пред своите навивачи со убедливи 5-0 го декласираше ГФК Куманово и денеска официјално го подигна шампионскиот пехар.
Лидерот уште еднаш покажа зошто е недопирлив оваа сезона, контролирајќи го натпреварот од првата до последната минута. По воведното водство во првото полувреме, следуваше вистинска голеада во продолжението и убедлива победа за големо славје на домашниот тим.
Со оваа победа, Еуромилк ГЛ стигна до импресивен биланс од 23 победи, едно реми и само еден пораз во 25 одиграни кола, со неверојатна гол-разлика од 96 постигнати и само 20 примени голови.
Шампионската титула и пехарот сосема заслужено завршија во витрините на клубот, како круна на огромниот труд на фудбалерите, стручниот штаб, управата и верните навивачи кои беа поддршка во текот на целата сезона.
Еуромилк ГЛ сезонава едноставно беше класа над сите ривали во северната конкуренција.