Есенскиот второлигашки шампион Брегалница утре ќе гостува во Кочани а од вторник експедицијата ќе се пресели во Дојран

Екипата на Брегалница навлегува во втората половина од подготовките за пролетната фудбалска полуетава во Втората лига на Македонија. Есенскиот шампион веќе одигра еден пријателски контролен натпревар и во Штип одигра 1:1 со тимот на Кит Го Пехчево. Утре, сабота штипските сини ќе го одиграат вториот пријателски меч и на стадионот Никола Мантов во Кочани со почеток во 13.00 часот ќе се сретнат со екипата на Осогово.

Во денешниот разговор спортскиот директор Емил Тодев нагласи дека состојбата во клубот е нормална, нема повредени или болни играчи и дека овие „контролки“ се можност шефот на сѕтручниот штаб Марјан Секуловски да се увери во квалитетот на сите играчи за да се дојде до стартниот состав. Емил Тодев нагласи дека фудбалската експедиција на Брегалница во вторник ќе се пресели во Дојран каде што ќе продолжат вообичаените подготовки.

Веќе во среда, 3 февруари екипата на Брегалница ја очекува нов контролен меч овојпат со српскиот прволигаш од Сремска Митровица за да по десетина дена повторно се вратат во Штип. Вкупно во овој подготвителен период досега се договорени одигрување на 7 контролни средби а колку за потсетување првенството на пролетниот дел во ВМФЛ ќе започне на 27 февруари а во првото коло во Штип ќе се сретнат Брегалница – Победа.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk-