
Фудбалерите на Каменица Саса интензивно тренираат и се подгоtвуваат за вториот дел во Втората Македонска фудбалска лига. Според зборовите на шефот на стручниот штаб, Горан Здравков подготовките се одвиваат во несмален интензитет, нема повредени ниту болни играчи и акцент во следниот период ќе се даде на воигрување на екипата за подобра подготвеност во пролетниот дел и за таа цел веќе се закажани повеќе контролни средби. Денес во Виница ќе се одигра првиот контролен натпревар со тимот на Слога. Во екипата на „рударите“ неколку играчи си заминаа а во меѓувреме во Македонска Каменица се преселија играчите : Григор Дончев од Осогово, Филип Димоски од Победа, Христијан Вецески од Работнички и Јовица Радевски од школата на Вардар. се преговара со уште неколку играчи, но сеуште не се утврддени деталите околу тоа. Каменица Саса ќе одигра уште неколку пријателски натпревари и тоа со Борец, Тетекс и со Кадино и сите тие средби ќе се одиграат на гости. Инаку пролетниот дел ќе започне на 27 февруари а во првото коло во Кочани ќе се сретнат Осогово – Каменица Саса:
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk