Енигматично последно прволигашко коло за излез во Европа и за сигурен опстанок

Прволигашката фудбалска сезона во недела ќе го има последното издание со одигрување на 33 првенствено коло во кое висат две големи дилеми. Првата е излез за толку посакуваната Европа а патот ќе го трасираат Струга Трим Лум која засега е трета со 54 бодови и ќе гостува во Кратово и Македонија Ѓорче Петров која е четврта со 52 бода а ќе се сретне со веќе отпишаниот Вардар. Во борбата за сигурен опстанок Академија Пандев која засега е сигурна на 8 место со 38 бодoви ќе го пречека веќе обезбедениот тим на Борец, додека пак Силекс е на 9 место со 36 бодови и ќе биде домакин на Струга ТЛ. Интересна ќе биде и ситуацијата за бараж натпреварите односно кој ќе биде противникот на Тиквеш од Кавадарци. Како и да е ќе биде пеколно жешко во ова последно коло и еве ги комплетните парови:

  1. А. Пандев – Борец
  2. Пелистер – Беласица
  3. Ренова – Работнички
  4. Шкендија – Шкупи
  5. Силекс – Струга ТЛ
  6. Вардар – Македонија ЃП

Сите натпревари ќе се одиграат во недела 16 мај 2021 г. со почеток во 16.00 ч. без присуство на публика.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk