Емир Скендери од Македонија ЃП во Беса како позајмен играч

ФОТО: ФК Македонија ЃП

Напаѓачот на Македонија ЃП, Емир Скендери во наредните шест месеци ќе биде позајмен играч на есенскиот шампион во Втора лига, екипата на Беса.

„Лавовите“ оваа зима ангажираа двајца искусни напаѓач, Крсте Велкоски и Џонатан Балотели, па за таа цел Скендери ќе биде позајмен во Беса предводена од Александар Таневски која повеќе од сигурно следната година ќе игра во фудбалската елита на Македонија.

Александар Ванев, М-Нет