
Викенд еко акција во населба Пребег во Штип. Се чистеше населбата, игралиштето, а како што истакна Јорданов во наредната недела ќе се пристапи и кон асфалтирање на две улици. Дополнително во населбата во наредните неколку месеци ќе се работи на целосно решавање на проблемот со уличното осветлување.
„Денес заедно со ЈП „Исар“ сме во расчистување на ќе ја наречам заборавената населба Пребег. Оваа недела која следи овде ќе пристпиме кон асфалтирање на две улици, улица „Баница“ и „Ристо Стојков“. Исто така, ќе се уреди спортското и детско игралиште, дополнително осветлување на одредени улици кои имаат потреба од тоа во консултација со жителите од оваа населба“ – кажа Јорданов
Директорот на ЈП „Исар“, Трајче Зравков, додаде дека продолжуваат со активностите секој викенд да се чисти по една населба во Штип. Истовремено, истакна дека интезивно се работи и на косење на тревата во целиот град.
„Покрај нашите редовни активности на чистење и метење ЈП „Исар“ продолжува со практиката еднаш неделно да први генерално чистење на некоја населба. Денес сме во населба Пребег, овде вршиме чистење, метење косење на тревните површини. Направивме и попис на урбаната опрема кој и е потребна на граѓаните во вид на клупички, садови за смет, контејнери и од наредната недела ќе започне поставувањето на тие работи“ – кажа Здравков.
Активностите на терен ќе продолжат и во наредните месеци и години истакна Јорданов со цел секој дел од Штип да го добие ликот кој го заслужува.
Лаура Стојанова М-Нет