Со пригодна манифестација здружението „Мирка Гинова“ Штип го одржа годишното Собрание

По пауза од три години, со свечена манифестација денеска во просториите на Општина Штип, здружението на македонците од Егејскиот дел на Македноија „Мирка Гинова“ го одржа годишното Собрание. Присуствуваа здруженија поканети од цела Македонија, како и Локаланата самоуправа во Штип и советниците во Советот на Општина Штип со цел да продолжи да се негува традицијата и културата од егејскиот дел од Македноија.

„Во огранизација на здружението Мирка Гинова од Штип, одржано е собранието по три години. Ова е значајна работа за нашето здружение кое ја негува традицијата и културата од Егејскиот дел од Македнонија. Здружението има цел да ги посети родните места во Егејскиот дел од Македноија, да одржува многу манифестации и многу средби. Затоа сме ние овде да ја дадеме вистината за македонското наше. На денешното собрание имаме здруженија од десет градови од државата “ – додаде Димков.

Вакво Собрание здружението „Мирка Гинова“ одржува еднаш годишно, а наредната година ќе биде изборно годишно Собрание кое се одржува на секои четири години.

Лаура Стојанова М-Нет