
Овој викенд ќе се играат натпреварите на 6 коло од групата А и групата Б на Првата кошаркарска лига.
Екипата на Соколи од Штип во рамки на оваа рунда од групата Б ќе биде слободна, а пак Мега Маскет од групата А исто така ќе биде слободен.
Што се однесува од прволигашката кошарка овој викенд, во рамки на групата А екипата на Охрид на домашен терен ќе игра против Тетекс ТТК, Водно Санс на домашен терен ќе има предизвик против Црн Дрим, а пак непоразениот Вардар како фаворит ќе игра против Младинец.
Во рамки на групата Б ќе се игра дерви во Скопје меѓу Бутел и Струмица ФМП, Борец Баскет во улога на фаворит ќе игра против Спортисимо, тим кој нема триумф, а пак кошаркарите на Овче Поле од Свети Николе ќе бараат триумф на незгодното гостување кај Ролинг во Струмица.
Александар Ванев, М-Нет