
На 23.09.2020 во 22.25 часот на магистралниот пат Велес-Штип, кај населбата Три Чешми, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б.П. (22) затоа што при негов личен и преглед на возилото кое го управувал била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.