Оџачар починал во Клиничка болница Штип

На 23.09.2020 околу 09.30 часот во СВР Штип било пријавено дека во Клиничка болница Штип со тешки телесни повреди бил донесен Ј.М. (56) од с. Злетово, кој по укажаната помош починал. Според пријавеното, тој се здобил со повредите откако паднал од покрив при чистење оџак. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Пробиштип. По наредба на јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.