Собрани 25 крвни единици на крводарителска акција во Црвен крст Кочани

Во просториите на Општинската организација на Црвен крст Кочани денеска се спроведе редовната септемвриска крводарителска акција.

На акцијата се собраа 25 крвни единици, а истата се спроведе во соработка со Институтот за трансфузоина медицина Штип.

За текот на акцијата  изјава за медиумите даде Анета Коцева, секретар на Црвен крст Кочани.

Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на Црвен крст Кочани.

Иле Матеничарски

Александар Арсов