Едно лице од село Град, делчевско, го нарушило полицискиот час

СВР Велес, СВР Штип и СВР Битола поднесоа кривични пријави против М.Ј.(26) од село Криволак, неготинско, Г.И. од село Град, делчевско и И.Д.(20) од село Вардино, демирхисарско поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените, на 07.04.2021 се движеле без дозвола за движење за време на ограничувањата дадени од страна на Владата на Република Северна Македонија за забрана за движење на возила и лица во периодот од 20.00 до 05.00 часот.