Физички нападнат полициски службеник во штипско

На 16.04.2021 околу 14,15 часот пред градскиот стадион во Штип, полициски службенци од СВР Штип го лишиле од слобода Ш.А.(35) од с.Радање, општина Карбинци бидејќи физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени задачи. Известен е јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.