Борачите на Балканец Дејан Митров и Владимир Егоров заминаа на ЕП во Полска

Македонската репрезентација предводена од селекторот Љулзим Вранези денес отпатува за Полска на Европското сениорско првенство во борење. Според информациите од тренерот на Балканец Бобан Данов за Полска отпатуваа четворица борачи на Македонија и тоа Дејан Митров, Владимир Егоров, Могамедин Нуров и Фати Вејсели. Борачите на Балканец Дејан Митров ќе настапи во категорија до 79 кг. а Владимир Егоров ќе настапи во категорија до 61кг. на првенството кое ќе се одвива од понеделник до четврток. Што се однесува до боречкиот клуб Балканец,

Бобан Данов не информираше дека најголем приоритет и во услови на оваа пандемија се дава на тренинзите и подготовките со младите категории кои се иднината на брендот Балканец. Во таа насока се е подредено на четворицата Кадети,Теодор Ѓоргиев, Андреј Трајчов, Стефан и Стојанче Стојков за нивниот кастап на Европско и на Светско првенство за Кадети во месеците јуни и Јули оваа година. Со напорна работа, организиран тренинг и успешни подготовки во Балканец се очекува се повеќе и повеќе да се зголемува бројот на млади репрезентативци кои ќе го вратат сјајот на борењето и во Штип и во Македонија во некогашниот блескав сјај. Пребогатите витрини зачинети со блескави признанија и трофеи сведочат за големите успеси на борачите и на борењето воопшто кое мора да се врати како најтрофеен спорт во Македонија.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk