Еден од најтешко повредени пациети од ,,Пулс”, 18 годишната Мелани пуштена дома

Најтешко повредениот пациент од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани пуштен на домашно лекување. 18 годишната Мелани Тасева од Скопје, шест месеци беше во болница по повредите добиени од пожарот. Таа се лекуваше во Воената болница во Белград, а потоа своето лекување го продолжи во приватна болница во Скопје. Таа имаше изгореници и интоксикација со гасови, но конечно по 139 дена во болница на 19 септември се врати дома. Кобниот 16 Март во пожарот во Пулс имаше околу 200 повредени.