
Седмото коло го носи и дербито меѓу Охрид и Брегалница кое се игра на стадионот „Билјанини Извори“. Ова ќе биде соочување на две екипи кои претендираат за влез во Првата македонска фудбалска лига.
Штипска Брегалница во перфектна форма ќе допатува во градот покрај Охридското Езеро, откако „сините“ на искусниот стратег Влатко Костов забележаа пет последователни победи и имаат едно реми од првото коло со Кожуф, но од друга страна Брегалница го има и најдобриот напад заедно со Скопје со по 17 бодови, но и втора најдобра одбрана со четири примени погодоци, после таа на Кожуф која прими три гола.
Брегалница е лидер на табелата со 16 бодови, во однос на Охрид кој се наоѓа на делба на петото место со Скопје со 11 бодови на своето конто.
Охрид во Купот успеа да исфрли два прволигаши, а пак во Втората лига има учинок од две ремија, еден пораз и три победи.
Од 2011 година наваму во меѓусебни дуели Охрид нема триумф над Брегалница, а „рибарите“ имаат едно реми од 0:0 во рамки кое се одигра на 22 ноември 2011 година.
Двете екипи имаат амбиции за влез во Прва лига, а овој меч ќе биде тест за проверка на силите и квалитетот на двете екипи. Охрид ќе сака пред својата публика и верните навивачи да биде првиот тим кој го совладат составот на Брегалница, а пак гостинот од Штип ќе сака трумф на тешкиот терен покрај Охридското Езеро.
Искуството кое го има Влатко Костов како тренер на Бреганица е уште една голема предност за штипјани, а пак Охрид ќе се потпира и на домашниот терен и поддршка од трибините.
Натпреварот од седмото коло меѓу Охрид и Брегалница се игра в сабота.
Александар Ванев, М-Нет