
Дури 844 прекршоци за брзо возење регистрирани само овој викенд.
Полициските контроли низ Македонија во текот на 13 и 14 септември евидентирале вкупно 844 случаи, кои се за прекршоци поврзани со непочитување на пропишаната брзина на движење. Полицијата санкционирала и 148 возачи за неправилно паркирање, 145 за возење без возачки дозволи и 76 за возачи кои управувале возила со алкохол над дозволеното ниво.
Посебно внимание привлече и високата бројка на прекршоци од моторџиите – 46 за неносење шлем, додека 23 возачи биле казнети за користење мобилен телефон додека возат. За разлика од тоа, само еден пешак и пет возачи минале на црвен семафор.
Во текот на викендот, полицијата евидентирала и 16 кривични дела, вклучувајќи 11 случаи на возачи со прекумерно алкохолизирање (над 1,5 промили)
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат, а властите апелираат на поголема одговорност во сообраќајот за да се избегнат несаканите последици.
Иван Митев, М-Нет