
Поевтин училишен прибор цела година бараат мнозинство граѓани во Штип. Тие се едногласни владината мерка за поевтин прибор, која важи заклучно до денес, треба да се продолжи и да важи во текот на целата учебна година. Децата не пишуваат само во септември, а тетратки, боички и прибор се купуваат постојано, додаваат тие. Велат мерката до денес не помогна многу, но откако ќе истече, цените ќе почнат да растат.
Секој родител не може да обезбеди поскап прибор, додаваат бабите и дедовците на децата. Велат потребно е воведување на еднаквост во општеството.
Мерката, која беше воведена на 15 август, досега понуди попусти за училишен прибор и истата важи до денес. Со оглед на актуелната економска ситуација и растечките цени, многу граѓани сметаат дека продолжувањето на оваа мерка би било од голема помош за сите родители, особено за оние со послаби месечни примања.
Иван Митев, М-Нет