Дополнителни автобуски линии до градските гробишта во Штип, воведува ЈП Стипион за Духоведнска задушница

По повод верскиот празник Духовденска задушница, Јавното претпријатие ЈП „Стипион“ воведува дополнителен превоз до Градските гробишта во Штип, со цел граѓаните полесно да стигнат до местото каде традиционално им оддаваат почит на своите најблиски.

Дополнителната автобуска линија ќе сообраќа во петок, на 29 мај. Поаѓањето е во 16 часот, а враќањето од Градските гробишта е предвидено во 18 часот и 55 минути.

Од претпријатието информираат дека граѓаните и во сабота ќе можат да ги користат редовните автобуски линии кои ќе сообраќаат до Градските гробишта.

Со редовната линија што тргнува во 8 часот и 40 минути од Трговскиот центар, преку Три Чешми и Чардаклија, патниците по завршувањето на трасата ќе бидат превезени и до Градските гробишта.

Од ЈП „Стипион“ апелираат граѓаните навремено да го планираат своето патување и да ги користат организираните линии, со цел да се избегне метеж и да се овозможи непречено одвивање на сообраќајот за време на празничните денови.

Се очекува зголемена фреквенција на патници, особено во сабота во претпладневните часови, кога традиционално најголем број граѓани ги посетуваат вечните почивалишта на своите блиски.

Иван Митев, М-Нет