Сузана Гавазова и Тропико Бенд в сабота ќе настапат во с. Таринци по повод празникот Света Троица

Сузана Гавазова и Тропико бенд в сабота ќе настапат во Таринци по повод празникот Света Троица и селската слава на селото. Богатата музичка програма организира Општина Карбинци, а според најавите се очекува голема посетеност. Гавазова ќе одржи едноипол часовен концерт пред публиката. Вечерта ќе заврши со настап на гостите од Србија, Тропико бенд. Виктор Паунов, градоначалникот на општината Карбинци, истакна дека оваа традиција продолжува четврта година по ред во Таринци.

,,Веќе во сабота на 30 мај продолжува вториот дел од музичката програма, која што ќе се одржи во селото Таринци, по повод верскиот празник света Троица, кој впрочем е и празник на селото Таринци, односно е и на некој начин селска слава на ова населено место. Веќе по трети а во Таринци и по четврти пат традиционално продолжуваме со празнување со една богата музичка програма. Свој настап ќе има македонската фолк ѕвезда Сузана Гавазова, со едноипол часовен настап или концерт. За на крај како финале на вечерта ќе настапат гостите од Србија , а тоа е бендот Тропико, со кој што го заокуружиме овој дел од нашата програма за ова лето.“, кажа Паунов

Градоначалникот Паунов, очекува масовна посетеност и гости од повеќе места од регионот на саботната прослава во Таринци по повод празникот. Посочи дека, како и за празникот Спасовден, така и овој празник ќе биде одбележан достоинствено и во празнична атмосфера.

,,Очекувам како и во првиот дел за празникот Спасовден, кој што се случи од пред неколку дена, да имаме масовна посетеност, гости од повеќе места од регионот и да ги пречекаме на достоинствен начин празниците.“, додава Паунoв

Од Општина Карбинци велат дека подготовките за настанот се во завршна фаза и очекуваат уште една успешна празнична вечер во Таринци.

Иван Митев, М-Нет