Донации за социјално ранливите категории во Делчево

Хуманитарни пакети за социјално ранливи категории во Делчево обезбедија  Живко и Горица Симови вработени во ООУ „Св.Климент Охридски“. Со нивната донација од 30.000 денари се обезбедени 30 хуманитарни пакети составени од средства за хигиена и прехранбени продукти, кои беа доставени до семејствата во социјален ризик.

Со оваа донација започна и хуманитарната акција на Општина Делчево „Хуманост на дело“ со која ќе се собираат средства за да се помогне на оние на кои им е најпотребна помош во оваа вонредна состојба.

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, упати апел до сите хумани луѓе кои во оваа исклучително тешка ситуација, да донираат и да помагаат на своите соседи, пријатели, граѓани на Делчево. За таа цел Општина Делчево е во постапка за отворање донаторска сметка за оваа намена, а отворена е и сметка на која ќе можат да донираат наши сограѓани кои живеат и работат во странство.