До каде се матурантите со припремите за матурската вечер?

Штипските матуранти веќе наголемо ги започнаа подготовките за матурската вечер, иако дел од нив се уште се во фаза на избор и планирање. Некои веќе имаат избрано комбинации и внимателно го распределуваат буџетот, кој најчесто се движи од неколку илјади до околу 20.000 денари, зависно од желбите и стилот. Велат дека не мора да се потроши многу за да се изгледа впечатливо, но сепак оваа вечер ја сметаат за посебна и вредна за вложување. Дел од нив потенцираат дека прво треба да се завршат училишните обврски, па потоа вистински да се ужива во прославата.

„Конкретно уште немам, но имам повеќе опции., има уште некој 20 дена па ќе видеме. Искрено треба да се одвои, но тоа вообичаено женските, тие сакаат така нешто повеќе, не дека не може да се најде за нешто помалку, зависи од фустанот. Сопред мене би требало првин да се завршат сите испити па матирската, да славеме за тоа а не пред тоа. Зависи кај кого одиме, од прилика може да е 3000, 4000, 5000, зависи тоа се што ќе посакаме да ни направат, сега за табло поевтино е бидејќи не тражиме толку многу.“

Матурантите со веќе избрани комбинации и скромен буџет од околу 6.000 денари, а дел се уште планираат со очекувања до 20.000 денари. За сите нив, ова не е само трошок, туку посебна вечер што треба да остане како незаборавен заеднички спомен.

„Да, почнав. Да имам избрано. 6000 денари за футсанот, кондурите по 1000 и нешто, скромни сме сите. Многу се, но таа последна вечер кога ќе се видиме сите заедно, таа е специјална вечер за сите матуранти и треба да бидеме точно убави.“

Матурантите беа согласни дека без разлика на потрошената сум, најбитно за нив е да ја поминат вечерта во веселби, бидејќи како што велат тие, таа вечер ќе биде последна кога сите ќе бидат на едно место.

Дајана Сандева, М-Нет