До вторник многу топло време, температури над 40 степени, потоа пад на дневните температури

Високи 40 и над 40 степени во државата во наредните неколку дена. Согласно прогнозата од УХМР, топлото време се задржува сѐ до вторник, а слаби услови за краткотрајни врнежи од дожд има за во недела.

„Во следните денови се до вторник ќе се задржи доста топло време, со дневни температури кои наместа ќе надминуваат 40 степени. Во Источниот дел од земјата конкретно во Штип очекуваме утре максималната температура да достигне до 38 степени, а во недела и понеделник и до 40 степени“ – вели Ризова.

Сушниот период кој трае подолг временски период ќе продолжи, но од вторник се очекува намалување на дневните температури за 3 до 4 степени благодарение на ветерот од северен правец.

„Овој сушен период веќе трае подолго време, засега нема некој бран, освен во недела кога има услови за појава на дожд. Веќе од среда ќе има продор на посвежа воздушна маса од север со засилен северен ветер.“ – додава Ризова.

Ноќите овој период се умерено топли, но со чувство дека се посвежи споредбено со температурите во текот на денот.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет