Дејан Митров има апсолутен рекорд: 17-тата титула Државен шампион, титула освоена во родниот Штип!

Македонскиот репрезентативец Дејан Митров ќе биде испишан со златни букви во историјата на македонското борење, денес тој во родниот Штип ја освои 17-тата титула Државен шампион на Македонија.

Митров првата титула ја освои во сега веќе далечната 2005 година или точно пред 20 години, а во овие 20 години тој 17 пати беше Државен првак на Македонија.

Штипјанецот влезе во историјата на македонското борење како апсолутен рекордер со освоени 17 титули, притоа ги надмина големите легенти во македонското борење на вечната листа како Чедо Николоски кој има освоено 13 титули, првата во далечната 1983 година, а последната во 1995 година.

Покоен Коце Ефремов кој останува на третото место со 11 титули, првата освоена во 1975 година, а последната кочанчанецот последната ја освои во 1996 година, кога Митров всушност ги прави почетоците во Борењето.

На ова листа на 4. место со 10 титули е Шабан Трстена, кој во 1981 година ја освои првата титула, а пак последната во 1997 година за вкупно 10 титули.

Митров и во гостувањето во спортскиот магазин Трибина на М Нет телевизија истакна дека е максимално подготвен и максимално мотивиран во својот роден град Штип, пред штипската публика да ја освои 17-тата титула.

Овој рекорд на Митров тешко дека некој би можел да го сруши барем во следните 30 можеби и 40 години, затоа Митров ќе остане запишан со златни букви во историјата на македонското борење и ќе биде пример за младите борачи бидејќи Митров на голем дел од нив им е идол.

Александар Ванев, М-Нет