
Второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш за новата сезона претстави уште едно засилување, станува збор за Божидар Митревски.
23-годишникот во Радовиш доаѓа од редовите на бугарскиот тим Литекс, а настапуваше за Рогашка од Словенија, а на домашната сцена настапуваше за Слога од Виница, Силекс, Тетекс, а играше и за младите категории на Работнички и Вардар.
Новото засилување веќе се стави на располагање на Иван Варадиновски, а Митревски има и прволигашко засилување со 21 натпревар во Прва лига, има поминато 814 минути на тревникот.
Новото засилување на радовишани ги има поминато и младинските репрзентации на Македонија односно репрезентации до 17, 18, 19 и до 21 година.
Претходно во Радовиш беа провирани Албан Таипи, Лука Георгиев, Панче Петров, Христијан Поп Антоски и Кирил Неделков.
Во новата сезона Детонит Плачковица ќе ги напаѓа местата за Прва лига.
Александар Ванев, М-Нет