Четиринаесет годишната Ана Мазнејкова од Струмица, утревечер ќе биде дел од ШКЛ

Четиринаесет годишната Ана Мазнејкова од Струмица, утревечер ќе биде дел од програмата на овогодинешното издание на штипско културно лето. Со познатите композиции на светските уметници Јохан Себастиан Бах, Бетовен, Шопен ќе се претстави таа пред штипската публика. Настапот на ШКЛ го сметам за значаен поради долгогодишното опстојување вели таа, но и заради тоа што низ него поминале познати имиња од класичната музика.

“Целиот мој живот е поврзан со музиката, слушајки ги моите родители, мојата сестра и слушајки ги учениците на моите родители. Ме привлече убавината на инструметот. можноста преку него да искажувам случки, чувства и т.н. Мојот прв настап беше на три годишна возраст со Струмица, во Европа имам настапувано во Белград, Салзбург, Виена, Брисел, Париз, Софија и т.н, а во Македонија имам настапувано во Скопје, Битола, Охрид, Гевгелија, Велес, Струмица, Штип“, вели Мазнејкова

Покрај светско познатите композиции, таа ќе има чест да ја изведе премиерата и да го оживее делото „The golden key” на македонскиот композитор Костадин Денениколв

“Во Штип имам настапувано повеќе пати, во моментот неможам да кажам колку точно, меѓутоа повеќе од 10 пати. Настапот на штипско културно лето го сметам за значаен заради долгогодишното опстојување на фестивалот и поради тоа што низ него поминале важни имиња од класичната музика. Па ќе изведам едно дело од Јохан Себастиан Бах, ќе изведам сонатата од Бетовен, ќе изведам две дела од Шопен и штипска премиера ќе доживее делото the golden key на македонскиот композитор Костадин Денениколов. Ги поканувам гледачите на вашата телевизија, да сприсуствуваат на концертот на 19 јули во 20 часот во УГ“Безистен“, додава Мазнејкова

Ана Мазнејкова до моментот има реализирано вкупно 145 настапи на концерти, фестивали и натпревари во Македонија и Европа. Има остварено седум рецитали и пет полурецитали, а нејзиниот досегашен репертоар опфаќа повеќе од 170 композиции за соло пијано и пијано-четирирачно. Таа има освоено 28 први и специјални награди на многу меѓународни натпревари, а истата е и освојувач на кристалниот медал на натпреварот во Виена.

Лаура Стојанова, М-Нет