Дербито на колото во живо на М Нет: Детонит Плачковица – Охрид, денес од 13 часот

Дербито на колото во рамки на 13-тата рунда од Втората македонска фудбалска лига се игра на Градскиот стадион во Радовиш каде во борбата за директен влез во Првата лига ќе се соочат Детонит Плачковица и Охрид.

Гледачите на телевизија М Нет ќе имаат ексклузивна можност во живо да го проследат дербито на колото со почеток од 13 часот.

Во Радовиш се уште никој нема освоено бодови, радовишани имаат перфектна форма од шест од шест и освоени максимални 18 бодови на домашен терен, па Охрид ќе биде пред предизвик за првпат да го победи Детонит Плачковица на домашен терен. Охрид има одлична форма на гостински терен и во Радовиш патува по позитивен резултат.

Правдата на дербито во Радовиш ќе ја дели Марјан Младеновски, а преносот на телевизија М Нет ќе започне во 13 часот.