ФОТО: Голем пожар кај светиниколско Богословец

Голем шумски пожар избувна во атарот на светиниколското село Богословец, каде огнената стихија зафати поширока површина со шумска вегетација. Поради сериозноста на ситуацијата, во акцијата за локализирање и гаснење на пожарот се вклучени бројни противпожарни екипи од повеќе градови во државата.
На терен интервенираат пожарникари од неколку територијални противпожарни единици, меѓу кои и екипи од Штип, кои заедно со останатите служби вложуваат максимални напори за ставање на пожарот под контрола и спречување на негово понатамошно ширење.
Поради непристапниот терен и обемот на пожарот, активирано е и гаснење од воздух. Во акцијата учествуваат ер тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување, кои од воздух фрлаат вода врз најкритичните делови од опожареното подрачје.
Надлежните служби будно ја следат состојбата, а координираната акција на копнените и воздушните сили има за цел што побрзо локализирање на пожарот и заштита на шумскиот фонд и околното население.