
Денеска се играат натпреварите од 13. коло од Втората македонска фудбалска лига, а гледачите на телевизија М Нет преку спортскиот канал М Нет Спорт ќе имаат ексклузивна можност во живо да го проследат соочувањето на Пелистер и Башкими.
Битолчани на овој натпревар ќе имаат притисок за трите бодови и остварување на осма сезонска победа, со цел враќање на второто место кое директно води во Прва лига. Борбата за местата кои директно водат кон Прва лига се зголемува. Беса е на врвот и сигурно ита кон Прва лига, па сега борбата ќе се сведи на второто место, а тука конкуренцијата е голема.
Башкими по двата порази во низа во Битола патува по позитивен резултат, па за гостинот од Куманово и реми ќе биде позитивен исход од тешкото гостување.
Александар Василевски ќе биде главен судија во Битола, а преносот на М Нет Спорт ќе започне во 13 часот.