Дербито на Истокот за радовишани, Осогово убедлив, Брегалница со важна победа!

Во рамки на 12. коло од Втората лига гледачите на М Нет телевизија имаа можност да проследат два директни преноси од Радовиш и Кочани.

На Градскиот стадион во Радовиш се одигра Источното дерби меѓу Детонит Плачковица и Беласица, натпревар кој можевте да го следите на М Нет, а кој заврши со 2:1 за домаќинот. Настевски даде брз гол за 50 секунди за 1:0. Јово израмни на 1:1, а Поп Антоски ги постави конечните 2:1.

На М Нет Спорт можевте да го следите мечот од Кочани, меѓу Осогово и прилепска Победа каде каде Осогово со 4:1 дојде до важен триумф. Ѓурчиновски ја донесе Победа во водство, а потоа Симоски, Љиворека и Паунов со два гола обезбедија 4:1.

Во Штип се одигра дербито на колото меѓу Брегалница и Арсими, каде штипјани преку пресврт дојде до 2:1. Шефити погоди за водство на Арсими, а Даноски и Калпачки во финишот погодија за 2:1.

„Фенерџијата“ Вардарски на домашен терен бараше прва сезонска победа против Новаци, каде гостинот со 0:2 беше подобар со головите на Шабанов и Јовановски.

На „Цвај арената“ во Неготино се соочија екипите на Вардар Неготино и Каменица Саса, каде со гол на Симевски победи гостинот со 0:1.

Разнишаниот Борец кој остана без тренер на Градскиот стадион во Велес го пречека лидерот Македонија ЃП каде лавовите славеа со 0:2 со двата гола на Христов.

Во Гевгелија се судрија екипите на Кожуф и Охрид кој е во страшна форма, каде немаше голови победник 0:0.

Во Автокоманда на „Железарница“ екипата на Скопје го пречека Башкими каде домаќинот дојде до победа од 2:1. Коцев си даде автогол, а потоа Шуку и Жоглев постигнаа голови за 2:1.

Александар Ванев, М-Нет