
Освојувачот на Купот на Македонија, Штип УГД го загуби одбојкарското дерби од шампионот Струмица со 1:3 во сетови, кое се одигра во Штип, во салата „Јордан Мијалков“.
Првиот сет го доби Струмица со 17:25, а пак во вториот сет штипјани беа подобри со 25:23. Во следниот трет сет Струмица доминираше и истиот го доби со убедливи 12:25, во четвртиот сет Штип УГД пружи силен отпор, но истиот го загуби со 20:25.
Прв пораз за штипските одбојкари, кои сега се на третото место со 12 бодови, а пак Струмица со натпревар помалку е на второто место со 12 бодови.
Александар Ванев, М-Нет