
Дербито на Истокот одиграно во Штип заврши без победни, откако Брегалница и Тиквеш одиграа „нула“ (0:0) во меч кој не беше многу атрактивен.
Тиквеш и понатаму останува без триумф над Брегалница во дуелите во рамки на Првата македонска фудбалска лига, а штипските „сини“ продолжуваат со позитивниот тренд на резултати, откако во пролетниот дел немаат пораз.
Брегалница финишот од мечот го одигра со играч повеќе на теренот, откако Глигор Дончев заработи втор жолт картон поради недозволен старт, но тоа немаше влијание, па Тиквеш и со играч помалку дојде до бод на тешкото гостување во Штип.
Верната „Фаланга“ и публиката беа на Градскиот стадион да дадат голема поддршка за Брегалница, која во пролетниот дел игра далеку подобро во однос на есенската полусезона.
Шкупи со новиот тренер тргна со пораз по репрезентативната пауза, откако на Чаир загуби од Скопје со минимални 0:1.
Ваквиот резултат воопшто не му одговара актулениот шампион, кој сега се спушти на третото место на табелата, и прави огромен чекор назад на патот кон одбрана на титулата.
Шкендија повеќе од сигурно ја оправдата улогата на фаворит и со 2:0 ја совладата Победа, која е на сигурен пат за експресно испаѓање во Втора лига.
Алмир Реџепи погоди во 29. минута за 1:0, а во вториот дел Аденис Шала ги постави конечните 2:0.
Лидерот Струга Трим Љум дојде до важен триумф од високи 3:1 над Академија Пандев, со што стружани цврсто „газат“ кон историската титула во ПМФЛ. Двоен стрлец беше Бесарт Ибраими, а третиот гол беше дело на Сухејљ Мухарем.
На стартот од вториот дел Михеили Ергемлидѕе намали на 3:1, со што „пандевци“ започнаа со притисок за втор гол и евентуално враќање во игра за бод, но сепак, до крајот, резултатот од 3:1 стана конечен.
Вчера, Македонија ЃП со 2:1 славеше над Работнички на домашен терен, а пак екипата на Силекс во оваа коло беше слободна.
