Дербито меѓу Тетекс и Влазерими не го дочека својот крај

Во рамки на одложеното 14. коло на Трета лига – Запад, се играше и големото дерби меѓу Тетекс и Влазерими, кое не го дочека својот крај, откако гостите го напуштија теренот.

Натпреварот бил прекинат во 75. минути кога бил нападнат главниот судија на натпреварот Марјан Младеновски од страна на гостински фудбалери, откако било донесена одлука да биде досуден пенал во корист на Тетекс. Оваа беше дерби меѓу лидерот Тетекс и второпласираниот Влазерими за првото место и баражот за Втора лига. Надлежните ќе имаат полно работа за овој инцидент.

Клубот од Кичево излезе со свое соопштение после натпреварот во Тетово.

„ФК Велазерими денеска, 26.03.2025 година, одигра против Ф Тетекс во Тетово натпреварот од 14. коло, натпревар кој беше одложен пред една недела поради настанот во Кочани! Но, што се случи денеска? Пријатели, љубители на спортот и пошироката јавност, преку ова писмо, сакаме да ве информираме дека денеска на натпреварот против ТЕТЕКС се случува нешто што може се да се нарекува само фудбал не! Скандалозното судење под надзор на главниот судија МАРЈАН МЛАДЕНОСКИ, заедно со неговите помошници, и суфлерот – четвртиот судија Пларент Салихи, беа главни актери, каде без трошка срам напаѓаа што ќе им дојде пред очи, казнувајќи го секој од нашиот тим, се освен нивната тенденциозна цел да биде достигната. Од сета оваа репресија диктирана од црните униформи кои мора да делат правда на терен а не да прават судиската едностраност, раководството на клубот реши да го повлече тимот. Мораме да потенцираме дека Пред да досуди непостоечки пенал за домашните, нашиот играч Сами Алили лежеше на теренот и бараше помош. Наместо да му понуди помош и повикува лекар, судијата без никакво оправдување му додели црвен картон. Во меѓувреме докторот оди да пружи асистенција, судијата на докторот му дава и црвен картон, а потоа досудува непостоечки пенал, момент кој го принудува нашиот тим и стручниот штаб да се повлечат од зелениот терен. Затоа, ги демантираме сите медиуми и портали блиски до нив, дека не смеат да дадат изјави и да кажуват дека нашиот тим го нападнале главниот арбитар. Од овој момент, Кф Велазерими изразува огорченост и гнев за тоа што се случи денеска во Тетово и ги прашува надлежните органи на ОФС-Тетово и комисијата за натпреварување во Трета лига Запад, како и претставниците на фудбалот во Република Македонија дали има смисла натамошното натпреварување и учество во ова натпреварување“, се вели во соопштението на ФК Влазерими.

Речиси извесно е дека Тетекс ќе го добие натпреварот со службени 3:0, а тоа ќе биде чекор напред за Тетекс кон баражот за Втора лига.

На останатите мечеви Вардар Брвеница и Љуботен ремизираа без голови, Камјани беше подобар со 0:1 од Дрита, Џепчишти ја доби Речица со 3:1, Зајази со 5:1 славеше против Велазерими од Слатино, а пак Доброшти дома загуби од Ренова со 3:6.

Александар Ванев, М-Нет