Приведен 26-годишник од Радовиш, признал дека крадел во Штип

На 24.03.2025 во 21.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.А.(26) од Радовиш поради сомнение дека сторил повеќе кривични дела. Тој бил задржан во Полициската станица Радовиш и во службен разговор признал дека сторил едно кривично дело „предизвикување општа опасност“ на подрачје на Радовиш и две кривични дела „тешка кражба“ на подрачје на Штип. Известен бил јавен обвинител и по документирање на случаите против А.А. ќе бидат поднесени соодветни пријави.