Дерби во „Јордан Мијалков“ во Штип: Соколи против перфектната Струмица ФМП

Кошаркарите на Соколи во недела ќе играат дерби против непоразената Струмица ФМП на домашен терен во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип.

Штипјани по поразот во претходното коло од Бутел во гости ќе бараат враќање на победничките патеки, а за противник го имаат тимот на Струмица МФП кој игра во фантастична форма со максимален учинок со четири од четири и максимални осум бодови на своето конто и со тоа се на врвот од табелата.

Соколи е на втората позиција со бод помалку од лидерот Струмица ФМП, а токму овој натпревар е дерби на колото односно дерби на Истокот. Натпреварот започнува во 18 часот.

Борец Баскет на домашен терен ќе има тежок меч со Бутел, кој по триумфот над штипјани, скопскиот тим ќе сака триумф и во Велес.

Дерби од дното на табелата ќе се одигра во Кавадарци каде силите ќе ги одмерат Спортисимо и Струмица Ролинг во дерби од дното на табелата на две екипи кои ќе бараат прв позитивен резултат.

Во рамки на 5. коло слободна е екипата на Овче Поле од Свети Николе.

Натпреварите од групата А на Првата кошаркарска лига ќе се одиграат утре, односно сабота.

Дерби на колото ќе се игра во Прилеп меѓу Мега Баскет и Охрид, каде двете екипи ќе сакаат триумф со кој ќе избијат на првото место бидејќи непоразениот Вардар е слободен во рамки на 5. коло.

Црн Дрим и Тетекс ТТК ќе играат во спортскиот центар „Тими“ во Струга каде и двете екипи сакаат триумф, а пак Младинец и Водно Санс ќе имаат свое соочување во дуел за прв триумф.

Александар Ванев, М-Нет