Денеска верниците ги слават празниците Свети Василиј Велики и Обрезание Господово

Денеска верниците го слават празникот Свет Василиј Велики, или кај народот познат како Стара Нова година. Свети Василија Велики бил екископ во Кесарија, Кападокија, современик на царот Јулијан. Тројцата заедно изучувале филозофија во Атина, ама Свети Василиј не се задоволил со она што го дава науката па се крстил и со тек на времето станал и епископ на Кесарија.

„Кога неговиот соученик Јулијан станал цар и отстапник од верата, Василиј му дал три леба на царот, тој се изненадил и наредил на своите слуги да наберат трева и да му ја дадат на Свети Василиј. Тој рекол честити царе ние ви даваме тоа што јадеме, очигледно вие јадете трева“ – вели поп Јанев.

Свети Василиј собрал злато од сите луѓе во градот за да го спасат истиот. Кога царот се враќал од поход, Василиј дознал дека тој е убиен, а градот спасен. За да гио врати златото назад кај луѓето направиле лепчиња и секое семејство го добилоназад златото кое го донирале. Денеска се слави и празникот Обрезение Господово.

„Денес го празнуваме и обрезанието господово, кој е единствен празник кој нема ниту предпразништво ниту попразниство. Христос иако бил мало дете во осмиот ден однесен да го обрезнат го прифатил еврејскиот обичај, и како што кажуваат апостолите во светото писмо образанието се заменува со крштението.“ – додава Јанев.

Во денешно време наместо обезание господово секој оној кој ја прифаќа христијанската вера се крштева.

Лаура Стојанова М-Нет