Фитон Адеми го засили нападот на Воска Спорт

Воска Спорт донесе уште едно младо засилување во нападот за пролетниот дел од Втората македонска фудбалска лига.

Фитон Адеми во Воска Спорт пристигнува за поефикасен напад, а овој млад фудбалер беше стрелец на осум погодоци во есенскиот дел за екипата на Беса Добри Дол од каде и доаѓа.

20-годишниот Адеми е производ на фудбалската школа на Шкендија, а како позајмен играч настапуваше за Струга Трим Љум и Беса од Добри Дол.

“Дојдов во Воска Спорт да продолжам со погодоците. Ветувам дека на секој натпревар ќе дадам се од себе за да му помогнам на тимот да ја оствари целта, а тоа несомнено е пласман во Првата лига. Токму тоа ме натера да се приклучам на овој тим, односно високите амбиции што ги имаат и хармонијата што владее во овој тим, почнувајќи од раководството, тренерот и кај самите играчи“, изјави Фитон Адеми по неговата промоцијата.

Воска Спорт есенскиот дел го заврши на третото место со 34 освоени бодови, два помалку од второпласираниот Вардар и три помалку од лидерот Гостивар.